праша
  
     
     
  
  
      
          
            
              прашаат; прашаме, прашате; прашал; прашај, прашајте; прашан
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 142
	    
	
    
    
      
          1.
          Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој се сврте кон неа и ја праша: Што мислиш за ова?  
	              
	            
	          
	            
	              Дали може да дојдам и јас? - праша детето.
	              
	            
	          
	            
	              Сè што не знаеш, прашај ме.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  обрати (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Постави прашање за некого или за нешто, во врска со некого или нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    inquire
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Таа ме праша кога ќе се вратам дома. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие го прашаа за политиката во земјата. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој заборави што треба да праша.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Испита, испраша некого, провери нечие знаење со поставување прашање. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    test
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Учителот ги праша сите за последната лекција. 
	              
	            
	          
	            
	              Професорката ме праша на цел материјал. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  испита (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Спроведе истрага, провери веродостојно со поставување прашање.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    question
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Полицијата го праша каде ја сретнал девојката. 
	              
	            
	          
	            
	              Иследникот ја праша каква е нејзината врска со обвинетиот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  истражи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Консултира некого, побара, слушне нечие мислење, совет и сл.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    consult
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Таа го праша професорот за совет. 
	              
	            
	          
	            
	              Докторот го праша својот колега за болеста. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие го прашаа адвокатот за понатамошната постапка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  консултира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се праша) Си постави прашање самиот себеси или еден на друг, размисли поставувајќи си прашање.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    ask
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Дали ќе се вратиш, не сум се прашал веќе. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој пак се праша: - Што да правам? 
	              
	            
	          
	            
	              Сите се прашаа како е можно тоа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (се праша) Има одговорност за нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    responsible
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Јас се прашам овдека. 
	              
	            
	          
	            
	              Директорката се прашаше за целата организација.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          (се праша) се посоветува
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    consult
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Оди прашај се на лекар. 
	              
	            
	          
	            
	              Сè до нив се прашал.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  посоветува (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Не прашај гаталец, туку прашај паталец.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          прашува несв.
(се) прашуваме
          
          
          
        
      
        (се) прашуваме
          
          2. 
          прашување ср.
          
          
          
          
        
      
    
 
   
         
	        