прашање
  
     
     
  
  
      
          
             мн. прашања
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 146
	    
	
    
    
      
          1.
          Израз со кој се прашува и се очекува одговор.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              провокативни прашања
	              
	            
	          
	            
	              одговори на прашањето
	              
	            
	          
	            
	              пратеничко прашање
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  одговор (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Тоа за што се раговара, се преговара, се бара решение.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    question
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                lypet zgjidhje
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              социјално прашање
	              
	            
	          
	            
	              национално прашање
	              
	            
	          
	            
	              станбено прашање 
	              
	            
	          
	            
	              јазично прашање
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Тоа што се однесува, што е поврзано со определена област, домен на работа, на дејствување. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              прашање на вкус 
	              
	            
	          
	            
	              прашање на чест 
	              
	            
	          
	            
	              прашање на партијата
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Спорно прашање - работа за која постојат различни мислења, несогласувања.
          
      
        
          
            Болно прашање - нешто сложено, замрсено, што тешко може да се реши.
          
      
        
          
            Жешко прашање - нешто многу важно, актуелно, што предизвикува општ интерес.
          
      
        
          
            Животно прашање - нешто што е од големо значење за или во животот на една личност.
          
      
        
          
            Отворено прашање - нерешена работа.
          
      
        
          
            Во прашање е - се работи, станува збор за некого или нешто.
          
      
        
          
            Доведе во прашање - за нешто што е неизвесно, несигурно, нејасно.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        