предочи
предочат; предочил; предочен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9689
1.
Даде до знаење, обрне внимание на нешто.
Примери:
Им ја предочи тешката положба.
Му го предочи ризикот од нови вложувања.
Им ги предочија сите опасности.
2.
Изнесе, претстави нагледно, покаже нешто пред некого.
Примери:
Тој им го предочи на учениците процесот на оксидација.
Изведенки
1.
предочува несв.
предочуваат
2.
предочување ср.
глаг. им.
Пример:
корисни предочувања