преживее
преживеат; преживеј, преживејте; преживеав, преживеаја; преживеал; преживеан; преживеев, преживееја; преживеел; преживеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2328
Примери:
Тој ја преживеал болеста.
Тие ја преживеаја војната.
2.
Остане жив, остане во живот по определен временски период.
Примери:
Тој преживеал две светски војни.
Тој преживеа со помош на новите лекарства.
Не се знае дали болниот ќе ја преживее ноќта.
3.
Истрпи тешкотии, помине живо во тешкотија, мака, страдање.
Примери:
Не знам како ќе ја преживееме беспарицата.
Тој едвај ја преживеа зимата.