претопи
  
     
     
  
  
      
          
            
              претопат; претопил; претопен
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 12632
	    
	
    
    
      
          1.
          Со загревање, со топење даде друг облик на нешто што се топи (восок, маст, злато).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Восокот го претопи во нови калапи.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Преработи руда со топење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во работилницата претопуваа олово.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За народ - промени идентитет, асимилира.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие сакале да го претопат народот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          (се претопи) Се претвори во нешто друго, стане поинаков.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие се претопија со масата народ. 
	              
	            
	          
	            
	              Се претопи кордонот на полицајците со оѕверената волчја глутница.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          (се претопи) Прифати друг идентитет, се асимилира.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    assimilate
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                asimiloj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Иселениците бргу се претопија и станаа Американци. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          претопува несв.
(се) претопуваат
          
          
          
        
      
        (се) претопуваат
          
          2. 
          претопување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        