пречка
  
     
     
  
  
      
          
             мн. пречки
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 3248
	    
	
    
    
      
          1.
          Тоа што пречи, што смеќава (во работата, во дејствувањето, во напредувањето).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              пречки во работата
	              
	            
	          
	            
	              пречки во дишењето
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  препрека (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Нарушување на приемот на радиосигнали.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Има пречки во приемот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Попречна греда; хоризонтална греда што ги спојува диреците на голот.
        
         
          
		  
		  
          4.
          Попречна греда; хоризонтална летва што ја определува височината при скокање. 
        
         
          
		  
		   
   
         
	        