прилив
  
     
     
  
  
      
          
             мн. приливи
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 9356
	    
	
    
    
      
          1.
          Периодично повишување на нивото на водата во езерата, морињата и океаните предизвикано од привлечното дејство на Месечината.
        
         
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Надоаѓање, наплив на нешто (чувства, сила).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чувствуваше голем прилив на сила.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          нараснување, зголемување, натрупување
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Имаме голем прилив на девизни средства. 
	              
	            
	          
	            
	              Не се очекуваше толкав прилив на гости.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        