прилог
  
     
     
  
  
      
          
            мн. прилози
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 2017
	    
	
    
    
      
          1.
          Тоа што се прилага, се додава кон нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Четвртиот дел претставува библиографски прилог кон изданијата.
	              
	            
	          
	            
	              Со петочното издание на весникот, редовно излегува и прилогот со телевизиската програма.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  додаток (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Напис во кој се соопштува за нешто непознато или се разгледува некое прашање од областа на културата. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    contribution
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                plotësim, aneks
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Во првиот број од списанието се објавени пет прилога. 
	              
	            
	          
	            
	              Научни прилози.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Помош, дар, принос во пари и сл. што обично се дава во хуманитарни цели.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    donation
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                donacion, kontribut
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Средствата се обезбедени преку собирање доброволни прилози.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Принос, придонес кон / во нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    contribution
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                kontribut
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              На полето на естетиката тој го даде својот евидентен прилог. 
	              
	            
	          
	            
	              Диктатот служи како прилог за унапредување на способноста за писмено изразување. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  придонес (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Придавање, дополнување, обично на службени акти.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    attachment
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                shtojcë
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Во прилог кон молбата ви ги доставуваме следните документи. 
	              
	            
	          
	            
	              Во прилог ви доставуваме дополнителни информации.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Неменлив збор што се додава кон глаголи, придавки и други прилози и служи за дополнување или поблиско определување на нивното значење. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              начински прилог
	              
	            
	          
	            
	              временски прилог
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  адверб (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Во прилог - во корист.
          
      
        
          
            (грам.) Глаголски прилог - глаголска форма со која се означува дејство што се врши едновремено со дејството изразено од личната глаголска форма во реченицата.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        