пропорционален
пропорционална
Вид збор: Придавка
Ранг: 21982
1.
Што има правилен однос на деловите кон целината.
Англиски:
proportional
Пропорционално зголемување на платите.
2.
Што се наоѓа во определен количествен однос спрема некоја величина.
Англиски:
proportional
пропорционална застапеност
Ако една променлива е право пропорционална со друга променлива, таа се менува на ист начин, како што се менува другата променлива.
обратно пропорционален
Изрази
Пропорционален данок - данок што се плаќа сразмерно спрема приходот.
Пропорционален изборен систем - систем на изборно право во кој се гласа по листи, при што мандатите се добиваат сразмерно на бројот на гласовите.