рака
  
     
     
  
  
      
          
             мн. раце
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 44
	    
	
    
    
      
          1.
          Секој од двата горни члена на човека; делот од зглобот до врвовите на прстите. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Останал на гробот со прекрстени раце.
	              
	            
	          
	            
	              Му бакна рака на попот.
	              
	            
	          
	            
	              Со нож в рака.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Човек како работник. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Минува низ многу раце.
	              
	            
	          
	            
	              Цврста рака се бара.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Како симбол на трудот за означување на квалитетот, вештината на некој мајстор. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се гледа - уметничка рака.
	              
	            
	          
	            
	              вешта рака
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          власт, посед 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Избега од рацете на непријателот.
	              
	            
	          
	            
	              Тешко тебе ако се најдеш во негови раце.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Имотна состојба или општествена положба на некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тука има луѓе од секоја рака.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  состојба (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Момент, етапа при берење или обработка на нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го завршивме берењето на првата рака од тутунот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Во најмала рака - најмалку.
          
      
        
          
            Во некоја рака (раце) на некого е (се наоѓа).
          
      
        
          
            Врзан (фатен) е во рацете.
          
      
        
          
            Врзе рацете некому - не може да делува.
          
      
        
          
            Горе рацете!
          
      
        
          
            Десна рака е некому - голема помош.
          
      
        
          
            Дига (крева) рака - гласа со кревање рака.
          
      
        
          
            Дига (крева) рака - дава знак со рака дека сака да зборува.
          
      
        
          
            Дига (крева) рака на (против) некого.
          
      
        
          
            Дига (крева) рака (раце) од некого или од нешто - се откажува.
          
      
        
          
            Долна рака; дупена рака; здрава (тврда, цврста).
          
      
        
          
            Извалка рацете, со крв.
          
      
        
          
            Измие рацете - невин.
          
      
        
          
            Има долги раце - големо влијание.
          
      
        
          
            Има златни раце - добар мајстор
          
      
        
          
            Има лесна рака - работи лесно и брзо.
          
      
        
          
            Има лесна рака - по народното сфаќање - постави успешен почеток на нешто.
          
      
        
          
            Има полни раце работа.
          
      
        
          
            Мавне со рака - поздрави.
          
      
        
          
            Минува низ раце(те) на некого.
          
      
        
          
            Му се тресе раката (како на Евреин).
          
      
        
          
            На брза рака; на своја рака.
          
      
        
          
            Носи некого на раце.
          
      
        
          
            Одврзе рацете некому - му даде слобода.
          
      
        
          
            Од втора (трета и сл.) рака - од втор пат.
          
      
        
          
            Оди, иде (се враќа), остане со празни раце;.
          
      
        
          
            Оди некому од (по) рака.
          
      
        
          
            Оди под рака.
          
      
        
          
            Остане (како) без раце.
          
      
        
          
            Падне в рака (раце) некому.
          
      
        
          
            Плукне на рацете - се зафати за работа.
          
      
        
          
            Под рака; подаде рака; појде од рака;
          
      
        
          
            Полни очи - празни раце.
          
      
        
          
            Пред, на рака (каже, направи и сл.)
          
      
        
          
            Рака му цутела! - (благослов)!
          
      
        
          
            Раката не е кантар, па да може точно сѐ да измери.
          
      
        
          
            (посл.) Своја рака како што чеша, туѓа не може.
          
      
        
          
            (посл.) Со гола рака змија не се фаќа.
          
      
        
          
            Со две раце (со раце и со нозе) потпишува, гласа и сл.
          
      
        
          
            Стави (тури, кладе) рака на нешто.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          рачиште ср.
мн. рачишта
          
          
          
        
      
    
мн. рачишта
 
   
         
	        