роб
  
     
     
  
  
      
          
             мн. робови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 2100
	    
	
    
    
      
          1.
          Во робовладетелското општество - човек кој е лишен од средствата за производство и кој се јавува како полна сопственост на својот господар. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              робовладетели и робови
	              
	            
	          
	            
	              востание на робовите
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  робовладетел (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Човек или народ под политичка зависност. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Петстотини години бевме робје на Турците.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  зависник (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Човек кој е под власта на друг човек.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Доста е веќе, нема цел живот да му бидам роб.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  слуга (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Човек што ја потчинил на нешто својата волја, своите постапки; човек безгранично предаден на нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              роб на страста
	              
	            
	          
	            
	              роб на своите пороци
	              
	            
	          
	            
	              роб на патријархалната средина
	              
	            
	          
	            
	              роб на својата професија
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Бели робје - жени што со откуп или со измама се одведени во харем или во јавна куќа.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          робовски прид.
робовскиот
          
          
          
        
      
    
робовскиот
 
   
         
	        