сврзе
  
     
     
  
  
      
          
            
              сврзат; сврзи, сврзете; сврзав, сврзаа; сврзал; сврзан; сврзев, сврзеа; сврзел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 10882
	    
	
    
    
             
    
      
          2.
          Собере на едно место, заврзе во нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ги собра тетратките и ги сврза во еден пакет.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За пат и други средства за врска - соедини две месности. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Новиот пат ќе го сврзе селото со градот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  соедини (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Даде врска по телефон, радио и сл. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Телефонистката никако не успеваше да ме сврзе со директорот.
	              
	            
	          
	            
	              По десет минути ќе Ве сврземе со стадионот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Установи врски со некого или нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Најпосле успеаја да ме сврзат со партиската организација во градот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Создаде многу блиски, срдечни односи со некого; зближи душевно.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа средба ме сврза засекогаш со него.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  зближи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          Спои, соедини како делови на една целина. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не сакаше да ја сврзе теоријата со практиката.
	              
	            
	          
	            
	              Ги сврза личните интереси со општествените.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  спои (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          (се сврзе) Се соедини едно нешто со друго. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се сврзаа во едно.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          (се сврзе) Установи врска со помошта на некое средство за врска. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се сврзав со поштата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          (се сврзе) Установи врски со некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се сврзал со организацијата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          (се сврзе) Се зближи со некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се сврзаа и веќе никој не ги разделува.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        