сега
Вид збор: Прилог
Ранг: 124
1.
Во моментот, во сегашно време.
Англиски:
now
Албански:
tani, tash
Сега не можам да работам.
Сега нејќам.
(разг.) Ами сега?
Слично со:
моментално (прил.)
2.
Настан само што минал.
Англиски:
now
Албански:
tani, këtë herë
Сега дојде и веднаш ќе си оди.
...сега требаше најмногу да се работи...
3.
Настан што претстои.
Примери:
Сега ќе се видите.
Почекај, сега ќе дојде.
Изрази
До сега - до овој момент.
Сега за сега - сега, во овој момент и понатаму уште некое време.
Сега едно, сега друго - ту едно, ту друго, непостојано, превртливо.