син
  
     
     
  
  
      
          
            мн. синови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 420
	    
	
    
    
      
          1.
          Машко дете во однос на своите родители. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Имаше двајца синови.
	              
	            
	          
	            
	              вонбрачен син
	              
	            
	          
	            
	              постар син
	              
	            
	          
	            
	              најмладиот син
	              
	            
	          
	            
	              (разг.) блудниот син
	              
	            
	          
	            
	              духовен син
	              
	            
	          
	            
	              ѓаволски син
	              
	            
	          
	            
	              кучешки (песји) син
	              
	            
	          
	            
	              свински син
	              
	            
	          
	            
	              Почекајте, ќе дојде син ми.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: роднинство (ср.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Нежно обраќање на постар човек кон дете или кон млад човек. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Подај ми го, сине, столот - му се обрна стариот на момчето до себе.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Лице од машки пол што припаѓа кон определен општествен слој. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    descendant
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                pasardhës
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              богаташки син
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Човек како жител на некоја област или претставник на некоја националност; човек крвно сврзан со некого или со нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              син на планината
	              
	            
	          
	            
	              син на југот
	              
	            
	          
	            
	              синови на Македонија
	              
	            
	          
	            
	              верен син на партијата
	              
	            
	          
	            
	              синови на новото време
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Син како клин (пелин, сол), зет како мед - мил ни е зетот, ама без синот не можеме (како што не можеме без сол).
          
      
        
          
            (посл.) Страдна мајка за слепаго сина - кога нема дожд, добар е и град; кога нема поарно, го прифаќаме и полошото или тоа што ни се нуди.
          
      
        
          
            Сине мајчин! (закана)! - за потсилување на својот став при искажување укор, неодобрување на нешто.
          
      
        
          
            (посл.) Каков татко, таков син - нормално е синот да личи на својот татко и физички и по карактер.
          
      
        
          
            (разг.) Мамин (татин) син  - разгален син, разгалено дете.
          
      
        
          
            Син Божји - Исус Христос.
          
      
        
          
            Блуден син - распуштен син, расипник.
          
      
        
          
            Кучкин син - лош, проклет, поган човек.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          синченце  ср.
(едн.)
дем. и хип.
          
          
        
      
    
(едн.)
дем. и хип.
 
   
         
	        