а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

син

мн. синови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 417
Англиски: son Српски: син Албански: djalë Бугарски: син Грчки: γιος
Примери:
вонбрачен син
постар син
најмладиот син
(разг.) блудниот син
духовен син
ѓаволски син
кучешки (песји) син
свински син
Почекајте, ќе дојде син ми.
Англиски: child Албански: bir
Употреба: Разговорно
Примери:
Подај ми го, сине, столот - му се обрна стариот на момчето до себе.
3. Лице од машки пол што припаѓа кон определен општествен слој.
Англиски: descendant Албански: pasardhës
Примери:
богаташки син
4. Човек како жител на некоја област или претставник на некоја националност; човек крвно сврзан со некого или со нешто.
Англиски: offspring Албански: pasardhës
Употреба: Преносно значење
Примери:
син на планината
син на југот
синови на Македонија
верен син на партијата
синови на новото време
Изрази
Син како клин (пелин, сол), зет како мед - мил ни е зетот, ама без синот не можеме (како што не можеме без сол).
(посл.) Страдна мајка за слепаго сина - кога нема дожд, добар е и град; кога нема поарно, го прифаќаме и полошото или тоа што ни се нуди.
Сине мајчин! (закана)! - за потсилување на својот став при искажување укор, неодобрување на нешто.
(посл.) Каков татко, таков син - нормално е синот да личи на својот татко и физички и по карактер.
(разг.) Мамин (татин) син - разгален син, разгалено дете.
Син Божји - Исус Христос.
Блуден син - распуштен син, расипник.
Кучкин син - лош, проклет, поган човек.
Изведенки
синченце ср.
(едн.)
дем. и хип.