скрие
  
     
     
  
  
        Види и: 
        	крие (несв.)
         
	
    
    
      
          
            
              скријат; скриј, скри, скријте; скрив, скрија; скрил, скриле; скриев, скриеја; скриел; скриен
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 1182
	    
	
    
    
      
          1.
          Направи незабележливо, невидливо. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кај ќе го скриете житото? 
	              
	            
	          
	            
	              Облаци го скрија сонцето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  открие (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          За чувство, состојба - не даде можност да се забележи. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Само мајката не можеше да ја скрие својата болка.
	              
	            
	          
	            
	              Требаше да ја скрие возбудата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Даде тајно убежиште некому. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Бегалците ги скриле во визбата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Зачува во тајна, премолчи, затаи од некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ќе скриеме од татка ти дека си го скршил прозорецот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  премолчи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се скрие) Најде за себе тајно убежиште. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се скриле длабоко во шумата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          (се скрие) Стане невидлив, незабележлив.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ништо не можеше да се скрие од него.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (се скрие) Остане незабележлив.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Месечината се скри зад планината.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        