слушне
  
     
     
  
  
        Види и: 
        	слуша (несв.)
         
	
    
    
      
          
            
              слушнат; слушнам, слушна; слушни, слушнете; слушнав, слушнаа; слушнал; слушнат; (ќе) слушнев, (ќе) слушнеа; (ќе) слушнел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 456
	    
	
    
    
      
          1.
          Прими со сетило за слух - гласови, звуци или шумови.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не слушна кога заѕвони будилникот.
	              
	            
	          
	            
	              Го слушна неговиот глас.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  чуе (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Разбере, дознае нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Долго време не сме слушнале за него.
	              
	            
	          
	            
	              Слушна ли за подвигот негов?
	              
	            
	          
	            
	              Слушна ли што рече? 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  разбере (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Изврши лекарски преглед со слушалки, обично срце и белите дробови. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го слушна докторот, да не има бронхитис.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  преслуша (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се слушне) Се чуе, се разнесе звук.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се слушнаа зурли и тапани.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          (се слушне) Се рашири вест, се искаже мислење и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се слушна по радиото.
	              
	            
	          
	            
	              На состанокот не се слушнаа спротивни мислења.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  рашири (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          (се слушне) Воспостави контакт, обично по телефон.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ние веќе се слушнавме и се договоривме.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  контактира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        