сними
  
     
     
  
  
      
          
            
              снимат; снимил, снимила; снимен
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 4544
	    
	
    
    
      
          1.
          Забележи со средствата на фотографијата.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    photograph
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                fotografoj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Го сними разурнатиот град.
	              
	            
	          
	            
	              Ги сними децата.
	              
	            
	          
	            
	              Го снимија целиот натпревар.
	              
	            
	          
	            
	              Како е возможно ниту една камера од државното обезбедување да не снимила ама баш ништо? 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  фотографира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Забележи на магнетофон.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    record
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                regjistroj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Го снимија нашиот разговор.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Направи филм, забележи на филмска лента.
        
         
	              Филмот го снимија со најсовремена техника.
	              
	            
	          
	            
	              Првиот филм го сними како гимназијалец.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Одигра улога во филм.
        
         
	              Во текот на кариерата сними многу филмови.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Пресними, стави на лента.
        
         
	              Го снимив филмот што синоќа се емитуваше на телевизија.
	              
	            
	          
	            
	              Концертот го сними на видеолента.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Направи магнетофонска снимка, забележи на магнетофон, диктафон и сл. само звук, глас.
        
         
	              Радио Скопје ги сними првите народни песни.
	              
	            
	          
	            
	              Таа го сними првиот музички албум.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Направи рендгенска снимка.
        
         
	              Татко му го снимија на рендген, но ништо не му најдоа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          Заштити документ при работа со компјутер.
        
         
	              Го снимам секој документ на дискета.
	              
	            
	          
	            
	              Ја снимив најновата антивирусна програма.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          Будно следи нешто; тајно, премногу внимава што се случува, зборува и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Сѐ снима што се случува.
	              
	            
	          
	            
	              Таа молчи и снима што се зборува.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          (се сними) се фотографира
        
         
	              Се снимивме со неговиот апарат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          (се сними) Си направи снимки со камера.
        
         
	              Се снимавме за роденденот на брат ми со мојата камера.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          12.
          (се сними) Си направи рендгенска снимка.
        
         
	              Два пати се снимаше на рендген.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          13.
          (се сними) Се забележи на магнетофон.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    record
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                regjistroj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Можеше да се сними и да се чуе.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        