со
  
     
     
  
  
      Вид збор: Предлог
    
    
	    
	      Ранг: 14
	    
	
    
    
      
          1.
          За означување на предметот, орудието со кое се извршува дејството. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Се мие со сапун. 
	              
	            
	          
	            
	              Сече со нож.
	              
	            
	          
	            
	              Свири со уста.
	              
	            
	          
	            
	              Пишува со молив.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  без (предл.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          За означување на граница, близост во пространството. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              На границата со Албанија.
	              
	            
	          
	            
	              Куќите беа разделени со висок ѕид.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За означување на кој начин се извршува нешто; при укажување на основата за свршување на нешто. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              со радост
	              
	            
	          
	            
	              со полно право
	              
	            
	          
	            
	              Со согласност на авторот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          При укажување на предмет, својство што карактеризира друг предмет, својство. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Равенка со две непознати.
	              
	            
	          
	            
	              зграда со мезанин
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          За означување на дејство, состојба што придружува друго дејство. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Се разбуди со плачење.
	              
	            
	          
	            
	              Одат со песни.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          За означување на имање, снабденост; при укажување на признак, особеност, својство. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Капут со крзно. 
	              
	            
	          
	            
	              Лопата со рачка.
	              
	            
	          
	            
	              Со болно срце.
	              
	            
	          
	            
	              Родено со две глави.
	              
	            
	          
	            
	              Со една нога.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          За означување со што е некој или нешто облечен, покриен. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со куси панталони.
	              
	            
	          
	            
	              Поле со снег покриено.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          За означување на сврзување, соединување. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Градовите се сврзани со добри патишта.
	              
	            
	          
	            
	              Ме сврза со стадионот.
	              
	            
	          
	            
	              Одвај се поврза со другарите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          За означување на целта на дејството. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Дојде со намера да остане.
	              
	            
	          
	            
	              Се јави со молба.
	              
	            
	          
	            
	              Со желба да помогне.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          За означување заедница, за укажување предмет или лице што учествува во заедничкото дејство. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со него бевме на годишен одмор. 
	              
	            
	          
	            
	              Шета со брата си.
	              
	            
	          
	            
	              Кокошка со пилиња.
	              
	            
	          
	            
	              Дожд со снег.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          12.
          При укажување споредба; за означување на она што заменува друго. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Во споредба со нашата фабрика.
	              
	            
	          
	            
	              Не можат да се споредат твоите тешкотии со неговите.
	              
	            
	          
	            
	              Го исклучија, а потоа му ја заменија казната со укор.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          13.
          За означување однос кон објектот, при означување лице или предмет кон кој се установува некој однос на друго лице или предмет.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Така е тоа со млади луѓе. 
	              
	            
	          
	            
	              Се гордее со синот.
	              
	            
	          
	            
	              Се бори со него.
	              
	            
	          
	            
	              Војува со Авганистанците.
	              
	            
	          
	            
	              Побрзајте со писмото.
	              
	            
	          
	            
	              Го спореди со оригиналот.
	              
	            
	          
	            
	              Се согласи со неговите наводи.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          14.
          При укажување на лице што испитува некоја состојба или на предмет што се наоѓа во некоја состојба. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Не е добра со здравјето.
	              
	            
	          
	            
	              Попуштивте со дисциплината.
	              
	            
	          
	            
	              Со пари не сум најдобро.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          15.
          За доуточнување на карактерот, состојбата на некого или нешто. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              со сомнително минато
	              
	            
	          
	            
	              со застарени сфаќања
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          16.
          За означување неопределен временски период, за укажување временски интервали што стануваат едноподруго; со именката време - без задоцнување, навреме. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со години стоеше во дворот на старата куќа. 
	              
	            
	          
	            
	              Со месеци не иде. 
	              
	            
	          
	            
	              Со секој час, ден.
	              
	            
	          
	            
	              Со време да се подготвиш.
	              
	            
	          
	            
	              Разбравме со време дека ќе дојде.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          17.
          При означување лица, предмети што се јавуваат како почеток. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со Миладиновци почнува нашата вистинска литература.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          18.
          За означување големо количество, многу. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со илјадници луѓе одеа накај стадионот.
	              
	            
	          
	            
	              Со коли лубеници купуваше.
	              
	            
	          
	            
	              (разг.) Ги има - со лопата да ги ринеш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          19.
          За означување предмет, дејство неопходно или доволно за постигање на нешто. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Го уби уште со првиот куршум.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          20.
          За укажување разлика во количеството, во бројот. 
        
         
	              Нема работник со помала плата од дваесет илјади.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          22.
          За изразување однос кон нешто што обично се повторува. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Доста со тие разговори!
	              
	            
	          
	            
	              Ме изнервира со тоа молчење.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          23.
          При повторување на некои именки - многу одблизу, еден спроти друг. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Се удрија глава со глава.
	              
	            
	          
	            
	              Борба гради со гради.
	              
	            
	          
	            
	              Се сретнаа лице со лице.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          24.
          Во предлошки изрази. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    with
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              во врска со
	              
	            
	          
	            
	              во согласност со
	              
	            
	          
	            
	              согласно со
	              
	            
	          
	            
	              со исклучок на
	              
	            
	          
	            
	              сообразно со
	              
	            
	          
	            
	              со оглед на
	              
	            
	          
	            
	              со помошта
	              
	            
	          
	            
	              сходно со
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          25.
          Во вакви конструкции, место сврзникот и. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    and
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Ние со тебе (јас и ти).
	              
	            
	          
	            
	              Вие со Марко (ти и Марко).
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (посл.) Мажот со коли да внесува, жената со игла да изнесува, пак куќата ќе е празна.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        