срце
  
     
     
  
  
      
          
             мн. срца
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 183
	    
	
    
    
      
          1.
          Централен орган на крвотокот; место на левата страна на градите под кое се наоѓа овој орган. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Срцето уште му чукаше. 
	              
	            
	          
	            
	              коморите на срцето
	              
	            
	          
	            
	              проширено срце
	              
	            
	          
	            
	              болно срце
	              
	            
	          
	            
	              Средство за закрепнување на срцето.
	              
	            
	          
	            
	              Се фати за срцето.
	              
	            
	          
	            
	              Му ја стави главата на срцето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: орган (м.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Овој орган како средиште на чувствата. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Срцето му се растрепери кога ги виде. 
	              
	            
	          
	            
	              Старецот немаше срце.
	              
	            
	          
	            
	              Неговото срце ѝ припаѓаше само нејзе.
	              
	            
	          
	            
	              благородно срце
	              
	            
	          
	            
	              добро, весело срце
	              
	            
	          
	            
	              Јуначко срце не трпи.
	              
	            
	          
	            
	              Честитам од сѐ срце.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          смелост, храброст 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кој имаше срце - се јави за акцијата.
	              
	            
	          
	            
	              цврсто срце
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  смелост (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Центар, главен дел на нешто; среден дел на некој плод.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Влегоа во срцето на земјата.
	              
	            
	          
	            
	              срцето на атомот
	              
	            
	          
	            
	              срце на лубеница
	              
	            
	          
	            
	              срце на зелка
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  центар (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Без срце.
          
      
        
          
            Далеку од очи, далеку од срце.
          
      
        
          
            Да ти ја имам младоста, а да ти го немам срцето.
          
      
        
          
            Му влезе во срцето.
          
      
        
          
            Му дојде срцето на место.
          
      
        
          
            Му лежи на срце.
          
      
        
          
            Му се кине срцето.
          
      
        
          
            На драго срце.
          
      
        
          
            Од длабочината на срцето.
          
      
        
          
            Од душа и од срце, од сѐ срце.
          
      
        
          
            Отвори срце.
          
      
        
          
            Си го зеде (стави) на срце.
          
      
        
          
            Со отворено (чисто) срце - искрено, чесно.
          
      
        
          
            Со срце;  со тешко срце; срце го изело!
          
      
        
          
            (стави) рака на срце - искрено, така е.
          
      
        
          
            Човек без (со) срце.
          
      
        
          
            (посл.) Човек треба да биде на срцето амбар.
          
      
        
          
            Широко срце - дарежлив човек; што му на срце, тоа му на уста.
          
      
        
          
            Што не е од срце, не е при срце.
          
      
        
          
            Срцето му се преврте.
          
      
        
          
            Срцето му го лаже умот.
          
      
        
          
            Камено (тврдо) срце - бесчувствителен, тврд човек.
          
      
        
          
            Тврдо срце - издржлив човек.
          
      
        
          
            Рането (скршено) срце - човек што чувствува огромна тага, болка поради нешто или некого.
          
      
        
          
            Златно срце - добродушен човек.
          
      
        
          
            Со тешко срце - одвај.
          
      
        
          
            Од срце - искрено.
          
      
        
          
            На драго срце - со задоволство.
          
      
        
          
            Има слабо срце - има срцева болест.
          
      
        
          
            Имај срце! - смилувај се!
          
      
        
          
            Стегни срце - издржи.
          
      
        
          
            Не издржа срце (јуначко) - потклекне на нешто, почине.
          
      
        
          
            Му (ми, ти...) се пара (се кине/плаче) срцето - чувствува огромна тага, болка поради нешто или некого.
          
      
        
          
            Срцето му го даде - направи големи жртви за некого.
          
      
        
          
            Колку што ти (ви) срце сака - неограничено, немерено.
          
      
        
          
            Му го отвори срцето / отвори срце - зборува отворено, искрено со некого или пред некого; се довери некому.
          
      
        
          
            Срце не го држи - многу е вознемирен од некаква ситуација.
          
      
        
          
            Го (ме, те...) допече до срце - доживее голема навреда од некого, доживее тежок удар од некого.
          
      
        
          
            Срцето му заигра - се возбуди.
          
      
        
          
            Срцето му се наполни - се чувствува радосен, среќен, задоволен, исполнет од нешто.
          
      
        
          
            Му (ми, ти...) прирасне за срце - засака некого, стане близок со некого.
          
      
        
          
            Сѐ на срце става - многу е чувствителен.
          
      
        
          
            Даде и срце и душа - се жртвува себеси.
          
      
        
          
            (благослов) Да ти даде Господ што ти срце сака
          
      
        
          
            (клетва) Срце да го (ја) изеде.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        