стап
  
     
     
  
  
      
          
            мн. стапови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 1675
	    
	
    
    
      
          1.
          тојага 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Момчето имаше во рацете еден голем стап.
	              
	            
	          
	            
	              овчарски стап
	              
	            
	          
	            
	              Пушти го веќе стапот! 
	              
	            
	          
	            
	              Торба и стап беше му останало од сермијата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (разг.) Дотера до питачки стап.
          
      
        
          
            (посл.) Нашол село без кучиња, та тргнал без стап.
          
      
        
          
            Се држи како слеп за стап - упорно, тврдоглаво држи некаков став, мислење и сл.; настојчиво се труди да постигне нешто.
          
      
        
          
            Со стап (трн) да маваш, нема што да удриш (закачиш).
          
      
        
          
            (посл.) Спроти мечката и стапот.
          
      
        
          
            (посл.) Каде збор не помага, таму стап помага.
          
      
        
          
            (посл.) На една кола грнци еден стап доста им е - со слабаци е лесно да излезеш на крај.
          
      
        
          
            (посл.) Сто стапа по туѓ грб ништо не се.
          
      
        
          
            (посл.) Стапот има два краја.
          
      
        
          
            (разг.) За стап плаче - заслужува ќотек.
          
      
        
          
            Со стап не му се плаќа.
          
      
        
          
            Ќе го крка стапот.
          
      
        
          
            Со стап (трн) да маваш, нема што да удриш (закачиш) - куќа без покуќнина или со бедна покуќнина.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        