стивне
стивнат; стивни, стивнете; стивнав, стивнаа; стивнал; сивнат; стивнев, стивнеа; стивнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4900
1.
Се умири, се смири, престане да се слуша.
Примери:
Гласовите стивнаа.
Ветрот стивна кон полноќ.
2.
ослабне, се ублажи
Примери:
Болките стивнаа.
Бурата стивна.