сцена
  
     
     
  
  
      
          
             мн. сцени
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 649
	    
	
    
    
      
          1.
          Специјално пригодено поиздигнато место за настап на артисти. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Иако првпат настапува, тој се движеше слободно на сцената.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  бина (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          (само едн.) Театар, театарска дејност. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Целиот свој живот тој го помина на сцената.
	              
	            
	          
	            
	              Таа беше родена за сцена.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  театар (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Одделен дел од чин, слика. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој се јавува првпат во втората сцена на првиот чин.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  слика (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Одделна епизода во литературно дело. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Многу ми се допадна сцената кога се сретнаа двајцата херои.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  епизода (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          Поле на дејност, поприште; обично во состав со глаголите: стапи, симне се, јави се и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој стапи на сцената кон крајот на минатиот век.
	              
	            
	          
	            
	              Тогаш се јави на сцената ново име.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  поприште (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        