тамам
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 5053
	    
	
    
    
      
          1.
          Токму, колку што треба. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чевлите ми се тамам, ни големи ни мали.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  токму (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Временски - во моментот кога. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дојде дома тамам кога вечеравме.
	              
	            
	          
	            
	              тамам на полноќ
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          тукушто 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тамам влеговме во градот, еве ти го и него.
	              
	            
	          
	            
	              Тамам дошол Агос, фатила да се суши тиквата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  тукушто (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          За споредување на еднакви или слични нешта. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие тамам си се врст.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Тамам работа - никако.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          таман прил.
          
          
          
          
        
      
    
 
   
         
	        