тврд
  
     
     
  
  
      
          
             тврди
          
      
    
    
    
      Вид збор: Придавка
    
    
	    
	      Ранг: 1858
	    
	
    
    
      
          1.
          За материјален предмет - кој тешко се поддава на определени физички дејства, како кршење, виткање, сплескување итн.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              тврда корка леб
	              
	            
	          
	            
	              тврда земја
	              
	            
	          
	            
	              тврдо легло
	              
	            
	          
	            
	              многу тврд камен
	              
	            
	          
	            
	              (мед.) Има тврда столица.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          За состојбата на телата во физичка смисла - кој има постојана форма и размер. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Телата можат да бидат во тврда, течна или гасовита состојба.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  цврст (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          За човек - што не се поддава на чувства; неосетлив.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мајката беше тврда, ни солза не пушти пред трупот на сина си. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој е толку тврд што, колку и да го молиш, нема да ти попушти.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  непопустлив (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          непоколеблив, решителен
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тврда вера, тврдо убедување, уверение и сл. 
	              
	            
	          
	            
	              Тврд карактер.
	              
	            
	          
	            
	              Одеше со тврд чекор напред.
	              
	            
	          
	            
	              Одговори со тврд глас: не!
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          За валута - стабилен, здрав. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тврда валута.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          За вода која содржи варовник.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    calcareous
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тврда вода (вода со варовни состојки).
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (разг.) Тврд орев (тешка работа).
          
      
        
          
            Тврдо срце - без чувства.
          
      
        
          
            Тврда глава има (тврдоглав е).
          
      
        
          
            Тврда рака е (стегнат, скржав е).
          
      
    
    
    
 
   
         
	        