точка
  
     
     
  
  
      
          
             мн. точки
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 879
	    
	
    
    
      
          1.
          Ситна кружеста дамка; трага од опирањето на шилест предмет. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Бел фустан со црни точки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дамка (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Како интерпункциски знак. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Точка и запирка.
	              
	            
	          
	            
	              Стави точка на крајот на реченицата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: интерпункција (ж.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Граница на една линија, она што нема делови, измерување. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Отсечката е дел од права ограничена со две точки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Назначено, определено место во пространството. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ридот е најважната точка на тој терен.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  кота (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Во физиката - граница, граничен момент при кој настапува или се пројавува нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Точка на замрзнување, точка на вриење.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  лимит (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Одделен нумериран дел во писмен состав, план и сл. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Точки на дневен ред.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Место, пункт во системот, во мрежата на некакви пунктови. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој изврши контрола само на неколку најважни точки во организационата мрежа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  пункт (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          рамниште, граница, ниво
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    point
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                pikë, nivel
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Во десет часот водата ја достигна највисоката точка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  граница (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          9.
          крај, завршок 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    end
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                pikë, fund
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Стави му еднаш точка на тоа.
	              
	            
	          
	            
	              (самостојно) Не сакам повеќе да те слушам! Точка!
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  крај (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Излезна точка - почеток.
          
      
        
          
            Мртва точка - не оди понатаму.
          
      
        
          
            Допирна точка - заеднички интереси.
          
      
        
          
            Врвна точка - максимално.
          
      
        
          
            Од гледна точка на ... - аспект, гледиште.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        