трева
  
     
     
  
  
      
          
             мн. треви
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 784
	    
	
    
    
      
          1.
          Како општ назив за група растенија. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ливадска трева. 
	              
	            
	          
	            
	              Житата се полни трева.
	              
	            
	          
	            
	              Овците пасат трева.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: растение (ср.)
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Како одделен назив за секое од нив. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во полето има разни треви.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          билка
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Лековити треви (билки).
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (разг.) Не пасе трева - не е наивен, не е без знаење, не е глупав.
          
      
        
          
            (посл.) Не умри, коњу, до зелена трева.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        