цар
  
     
     
  
  
      
          
             мн. цареви
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 652
	    
	
    
    
      
          1.
          Титула на владетел во некои земји; лице што ја има оваа титула. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Руски, турски цар. 
	              
	            
	          
	            
	              Си бил еднаш еден цар.
	              
	            
	          
	            
	              Честити царе.
	              
	            
	          
	            
	              цар Самуил
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Највиден претставник на некоја група, тој што ги надминува сите во некој однос. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Цар на животните.
	              
	            
	          
	            
	              Цар на гангстерите.
	              
	            
	          
	            
	              Змиски цар.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (посл.) На царот данокот, на попот колакот.
          
      
        
          
            (посл.) Среде слепи ќоравиот е цар.
          
      
        
          
            (посл.) Што нема и царот не јаде.
          
      
        
          
            Царот на мувите – се вели за човек кој не е ништо а се прави важен.
          
      
        
          
            Цар далеку, бог високо.
          
      
        
          
            Што на царот, не и на голтарот.
          
      
        
          
            (разг.) Живее како цар.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        