цица
  
     
     
  
  
      
          
            
              цицаат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 5361
	    
	
    
    
      
          1.
          За дете - смука млеко од женска града. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето плаче, сака да цица. 
	              
	            
	          
	            
	              Цица мајчино млеко.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  шмука (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          За некои животни, инсекти - вцицува некоја течност: вода, крв, сок со помошта на специјални органи.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Болви и муви му ја цицаа крвта.
	              
	            
	          
	            
	              (разг.) Му ја цица крвта.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За корењето на растенијата - впива сокови од земјата. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од пазувите на земјата цицаат хранителни сокови.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Земе нешто в уста и го смука како цицка.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето ги цица прстите.
	              
	            
	          
	            
	              Жедно го цицаше лутиот тутун.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Нечесно користи туѓ труд.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Разни аги и бегови го цицаа народот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  експлоатира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            (посл.) Кротко јагне од две мајки цица.
          
      
        
          
            Цица како смок.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        