чело
  
     
     
  
  
      
          
             мн. чела
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 441
	    
	
    
    
      
          1.
          Како дел од лицето на човекот; соодветниот дел од главата на животно. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го удри право в чело. 
	              
	            
	          
	            
	              Го бакна в чело.
	              
	            
	          
	            
	              Високо, ниско чело.
	              
	            
	          
	            
	              Намуртено чело.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Најпредниот дел на нешто, глава, почеток; најистакнато место. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чело на одред, баталјон и сл. 
	              
	            
	          
	            
	              На чело на војската, на државата итн.
	              
	            
	          
	            
	              На чело на трпезата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (разг.) Со крстот на челото (е некој) – искрен, чесен.
          
      
        
          
            Со ведро чело - радосно.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        