школа
  
     
     
  
  
      
          
             мн. школи
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 3223
	    
	
    
    
      
          1.
          Завод, установа каде што се учи, училиште; се употребува претежно за специјално училиште. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              балетска школа
	              
	            
	          
	            
	              виша педагошка школа
	              
	            
	          
	            
	              партиска школа
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  училиште (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Зграда во која се обучува.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Школата се наоѓа во центарот на градот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Учениците што учат во една школа. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Целата школа беше на екскурзија.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Подготовка што се стекнува низ искуство, низ опит во нешто; дејност што го збогатува човекот со опит, со знаење во некој поглед. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Школата на животот. 
	              
	            
	          
	            
	              Борбата беше за него најдобрата школа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  подготовка (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Правец во областа на науката, уметноста и сл. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Рафаеловата школа.
	              
	            
	          
	            
	              Основе (создаде) школа.
	              
	            
	          
	            
	              Приврзаник на старата школа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Учебник со нотни вежби. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Школа за клавир (за пијано).
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        