ѕверка
  
     
     
  
  
      
          
             мн. ѕверки
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 6340
	    
	
    
    
      
          1.
          Женски ѕвер.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Никаква трага немаше, ни од човек, ни од ѕверка. 
	              
	            
	          
	            
	              Зимувањето во земјанка го принудува човекот многу нешто да научи од ѕверките.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Тој што е на висока положба, што има висока функција, влијателен човек.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Голема ѕверка. 
	              
	            
	          
	            
	              Не сум јас никаква ѕверка, јас сум курир. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој се претставил како некоја важна ѕверка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        