љубомора

(едн.) љубомората
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4910
1. Чувство на душевна болка поради сомневање во нечија љубов, верност и сл.
Англиски: jealousy Албански: xhelozi
Примери:
Целиот гореше од бес и љубомора.
Се сеќаваше на љубомората на бившата жена на сите блажени неспокојства.
Љубомората ја разгорува јароста на мажот.
2. Чувство на завист кон некого поради нешто.
Англиски: envy Албански: zili, lakmi
Примери:
Ќе умреше од љубомора ако победев јас.