јазик
  
     
     
  
  
      
          
            мн. јазици
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 116
	    
	
    
    
      
          1.
          Подвижен мускулест орган во усната празнина кај човекот и кај животните, орган за вкусот што го помага земањето храна, а кај човекот учествува и во образувањето на гласовите во говорот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го плази јазикот. 
	              
	            
	          
	            
	              Се оближуваше со јазикот. 
	              
	            
	          
	            
	              Си го изгоре јазикот со млекото.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Јадење од овој орган од некои животни.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Говедски јазик во сос.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Издолжен дел од нешто што има форма на јазик.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              пламени јазици
	              
	            
	          
	            
	              јазик на чевли
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Систем од гласовни, речнички и граматички средства и правила што им служи на луѓето за изразување на своите мисли и чувства во меѓусебното општење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Природен јазик - јазик на кој зборуваат луѓето и што е основа на сеопштата мисловна дејност на човекот. 
	              
	            
	          
	            
	              Вештачки јазик - специјално конструиран систем од зборови и други јазични обележја, земени од различни јазици, што служи за меѓународна комуникација (на пр. есперанто).  
	              
	            
	          
	            
	              Жив јазик - јазик што се зборува активно, спротивно од мртов јазик.
	              
	            
	          
	            
	              Мртов јазик - неактивен јазик (старословенскиот, латинскиот). 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Секој таков систем, изделен од другите, како средство за општење на определена општествена заедница.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              македонски јазик
	              
	            
	          
	            
	              англиски јазик
	              
	            
	          
	            
	              латински јазик
	              
	            
	          
	            
	              Зборува неколку јазици. 
	              
	            
	          
	            
	              Мајчин јазик - свој јазик наспрема туѓ, странски. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Севкупност од изразни средства и карактеристики на определена општествена група, професија, во определена епоха, литературен вид, во творештвото на определен писател и сл. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              разговорен јазик
	              
	            
	          
	            
	              новинарски јазик
	              
	            
	          
	            
	              јазикот на младите 
	              
	            
	          
	            
	              јазикот на Мисирков
	              
	            
	          
	            
	              поетски јазик
	              
	            
	          
	            
	              Таен јазик - говор на ограничена социјална или професионална група, неразбирлив за пошироката јазична средина, арго. 
	              
	            
	          
	            
	              јазик на ѕидарите
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Начин на изразување и однос во изборот на изразните средства. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              тежок јазик
	              
	            
	          
	            
	              прост јазик 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          Систем од договорени знаци (звуци, сигнали, гестови) што пренесуваат информација. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Зборува со јазикот на алхемичарите. 
	              
	            
	          
	            
	              јазикот на животните
	              
	            
	          
	            
	              јазикот на немите 
	              
	            
	          
	            
	              Програмски јазик - систем од знаци за компјутерско програмирање.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Брз е на јазик - многу зборува.
          
      
        
          
            Го валка со јазик - зборува лошо за некого.
          
      
        
          
            Го влече за јазик - го предизвикува да каже нешто што не сака.
          
      
        
          
            Го голтна јазикот - не кажа ништо.
          
      
        
          
            Го исплази јазикот - се измори.
          
      
        
          
            Го јаде/чеша јазикот - тешко се воздржува да не каже нешто.
          
      
        
          
            Го одврза/разврза јазикот - почна да зборува.
          
      
        
          
            Го пуштил јазикот пред умот. Јазикот му е побрз од умот - не мисли многу што ќе каже.
          
      
        
          
            Зборува што ќе му дојде на јазик - зборува глупости.
          
      
        
          
            Зли јазици - луѓе што шират клевети и интриги; сплеткари, озборувачи.
          
      
        
          
            Има дебел јазик - не зборува многу. Тврд е на јазик - не зборува многу.
          
      
        
          
            Има остар јазик - зборува остро и отворено, без заобиколување.
          
      
        
          
            Има поган јазик. Има расипан јазик - зајадлив е, лошо зборува за другите.
          
      
        
          
            Јазикот е без коски - лесно е да се каже лага.
          
      
        
          
            Јазикот коски нема, ама коски крши - навредата може да боли повеќе од физичката повреда.
          
      
        
          
            Јазикот му е расцепен - лош е како змија, зајадливо зборува.
          
      
        
          
            Мачка му го изела јазикот - ништо не зборува.
          
      
        
          
            Му се испушти од јазик - кажа нешто што не требаше.
          
      
        
          
            Му се исуши јазикот - жеден е.
          
      
        
          
            Му се плетка јазикот - не зборува јасно, се збунува.
          
      
        
          
            На (врв на) јазик му е - се мачи да се сети на нешто.
          
      
        
          
            Нема влакна на јазикот - отворено зборува, не заобиколува.
          
      
        
          
            Не му е кус јазикот - може сам да зборува, нема потреба друг да зборува во негово име.
          
      
        
          
            Од јазикот си пати - многу зборува, а потоа се соочува со последиците.
          
      
        
          
            Под јазик ќе го скрие - ќе скрие нешто на најскришно место.
          
      
        
          
            (ирон.) Се испоти под јазикот - за некој што се жали дека се изморил, а всушност ништо не работел.
          
      
        
          
            Си го чеша јазикот - зборува глупости; озборува.
          
      
        
          
            Скуси си го јазикот - замолчи.
          
      
        
          
            Со половина јазик - полугласно, тивко зборува.
          
      
        
          
            Ќе му го скине јазикот - закана за некој што зборува повеќе отколку што треба.
          
      
        
          
            Уста има - јазик нема - покорен е, не приговара за ништо.
          
      
        
          
            Да му се иcуши јазикот - клетва.
          
      
        
          
            Зборуваат на различни јазици - не се разбираат.
          
      
        
          
            Има / најде заеднички јазик со некого - најде начин да се разбере, да постигне согласност со некого.
          
      
        
          
            Колку јазици владееш, толку луѓе вредиш.
          
      
        
          
            Гризни си го јазикот - за да не се случи тоа што го кажал.
          
      
        
          
            Гризни си го јазикот - замолчи.
          
      
        
          
            Се гризна за јазик - кажа нешто и се покаја.
          
      
        
          
            Се гризна за јазик - ништо не кажа.
          
      
        
          
            Јазикот му се врза/му се фати - остана без зборови.
          
      
        
          
            Јазикот му се врза/му се фати - се сплетка, се збуни.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          јазичиште ср.
мн. јазичишта
пејор.
          
          
        
      
    
мн. јазичишта
пејор.
 
   
         
	        