авион (м.)
Не ќе им се зарадуваме на ластовиците ако штрковите не ги носат на грб. - Како авиони, оштоумно се присеќаат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Зоки Поки има многу играчки: и моторен воз, и авион, и лимузини, и велосипеди, и трактор, и дигалка, и топки, и труби.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тие се впуштија кон авионот, го разгледаа внимателно и заинтересирано, а потоа почнаа дел по дел да го носат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Влегов во авионот и за миг се најдов високо, под самото сонце.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Се наведнав и нацртав на влажната земја авион, а на едното негово крило го нацртав за спомен Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Партизанот што стоеше до него, преведе: - Другар командант, јавуваат од Бари* дека авионите тргнале!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ненадејно, откај Мокра Планина, се појавија три ловечки авиони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Ова е ловечки авион. Има само едно седиште ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сѐ до пред неколку дни, кога авионот ни стана незанимлив и пуст.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тоа беше смртоносната авионска партизанска тројка, која крстосуваше над друмовите каде што врвеа германски колони.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Весниците соопштуваат: „Малите дипломати со авиони патуваат.“ Дипломатите војните ги забрануваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Потоа го следи со очи белиот авион што веќе исчезнуваше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Како тоа немало авиони? - со чудење прашува Гошко.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Гошко, гледај авион! - вели дедото. - Па што ако е авион! - вели Гошко и не ја крева главата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде се претставени сите превозни средства, од трамвај и автомобил, па до најмодерните реактивни авиони, во нивниот историски развој.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Еден француски авион ги надлетува окопите бугарски и исфрла ракети. Ни кажува кај се.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од авиони, пушки и митралези премногу бевме преплашени во нашето место за да можеме да го издржиме и тоа од филмот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)