автор м.

автор (м.)

133. Константин Порфирогенит (905-959) е византиски цар и автор на повеќе историски списи, меѓу кои и „За управувањето на Царството”, каде што дава многу податоци и за доселувањето и животот на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
130. Словенецот Франц Миклошич (1813-1891) е еден од најистакнатите слависти во 19 век, автор на „Споредбена граматика на словенските јазици”, „Речник старословенско-грчко-латински” и „Етимолошки речник на словенските јазици”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
139. За жал, дури и кога Мисирков наведува конкретни цитати од други автори, никогаш не дава поблиски библиографски податоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Капиталите на банките авторот ги дели на „продуктивно“ вложувани (во трговијата и во индустријата) и „шпекулативно“ вложувани (во берзански и финансиски операции), сметајќи, со нему својственото ситнобуржоаско-реформистичко гледиште, дека божем капитализмот е можно првиот вид на вложување да се оддели од вториот и да се отстрани вториот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Авторот ги дели крупните руски банки на две основни групи: а) на банки што работат служејќи се со „системот на учества“ и б) на „независни“ банки, при што под „независност“ произволно ја подразбира независноста од странските банки; првата група авторот ја дели на три подгрупи: 1) германско учество, 2) англиско и 3) француско, имајќи го предвид „учеството“ и владеењето на најкрупните странски банки од соодветната народност.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Сметаме за потребно точно да приведеме што вели по тоа прашање Јајделс, автор кој најдобро од сите го изучил тоа прашање: „Како резултат од разгледувањето на индустриските врски во нивната сеопфатност, го добиваме универзалниот карактер на финансиските институции што работат за индустријата.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Автор е на необичната книга „Зборовник по брајчински“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред него, пред тој автор на една сосем безначајна брошура, се чувствував победен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Коле Чашуле: Избрани драми белешка за авторот романсиер, драмски писател и публицист.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Николески е автор на стихозбирката „Македонче“, објавена 1946 година со која беа поставени темелите на современата македонска литература за најмладите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како искусен педагог, тоа и во самиот вовед кон романот авторот го посочува. Д-р Васил Тоциновски
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како искусен педагог, тоа и во самиот вовед кон романот авторот го посочува д-р Васил Тоциновски станал комита, не е орач.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јули 1972 Био- библиографска белешка за авторот Мето Јовановски -раскажувач и романсиер.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Исто така, тој, раскажувачот, не си допушта себеси празнините останати внатре ваквото толкување од страна на ликовите, да ги надополни со упади на авторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ваквата перспектива, која ја одбрал авторот, всушност им ја ограничува на ликовите можноста да го разјаснат цинизмот на војната.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се работи, значи, за проза која е создавана со еден впечатливо самосвоен стил, за автор кој го нашол својот јазик во непосредниот контакт со изворите на својата проза.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Возможно ли е еден автор кој, како што веќе видовме, произлегува од една автентична говорна традиција, да учи толку интензивно и темелно кај други автори, особено кај оние што произлегуваат од една средина што не е, ниту духовно, ниту материјално, негова, иако е по многу белези блиска?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе