вредносен (прид.)
Во какви размери се врши тој процес, може да се суди според податоците на статистиката за емисиите, т.е. издавањето на секаков вид, вредносни хартии.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
„Да замислиме дека до крај е дојден развитокот на тенденциите што ги видовме: тогаш – паричниот капитал на нацијата е обединет во банките; банките се сврзани меѓу себе во картел; инвестициониот капитал на нацијата е излеан во форма на вредносни хартии.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Еве ја распределбата по земји (ќе земеме 600 милијарди):
Според овие податоци веднаш се гледа дека остро се изделуваат четирите најбогати капиталистички земји, кои приближно имаат од 100 до 150 милијарди франци вредносни хартии.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но, додека димензијата радикализам-конзервативизам може директно да се интерпретира во термините на вредносните системи, димензијата демократичност-тоталитаризам го подразбира и ставот кон државното уредување, односно определувањето за одредена општествена форма на уредување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Според мислењето на Ханс Ајзенк (Psycology of Politics, London, 1954), еден од првите кој сериозно се занимавал со истражувањата за вредносните ориентации и политичките определби, втората димензија ја претставува проекцијата на особините на личноста на поединецот врз областа на социјалните случувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Основните димензии можат, значи, да се посматраат и како доминантни координати на вредносните определби во популацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Она што луѓето уште од раѓање ги угнетува е јазикот, наметнатите вредносни категории, наметнатите конвенции за идентитет и перцепции што се развиле и коишто, во голема мера, атрофирале во развојот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Преку складирање на човековиот вредносен систем како структура од податоци он лине и негово придвижување со помош на саканите програми, човековиот невронски апарат може да функционира во “силикон” во основа како што и функционира во мозочните бранови, но побрзо, попредвидливо понепостојано, и по желба, бесмртно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го насочуваат низ согледбите и ставовите креирајќи го јавното мнение како коректор на општеството и на неговиот вредносен систем.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зашто тоа е единствената положба за која има надеж дека, според поимите на вредносниот систем на машката геј-култура, може да биде унитарна и целосна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)