гламносан (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          И ние се разбудувавме и наѕиравме кон купиштето пепел со гламносани коски. Ама таму немаше ништо.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Горе, од отворот на  јаката, ѕирка непотстрижено главче - гламносано стрниште.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Чатијата и гредите веќе беа поцрнети од чадот, па и тоа беше знак на гламносана волја, која тешко се покренуваше дури и со надежите на Марин Крусиќ.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
              
          Во мојата цртанка  често наминуваат и едни чудни мерачи на далечини  со гламјосани чела и без скафандери на главите  кои сенешто премеруваат и домеруваат  колку далечини собира во една детска цртанка  и во една гламјосана глава без скафандер.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)
        
        
    
    
   
   
         
	        