денес (прил.)
Та новата рана ја отвори старата; денес, кутра, да не бидам жива - над синот и мажот оплакувам одеднаш!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
4 песна - „Пуштајќи го денес изутрина на волја гласот чета од стомина сврати во Стан.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Земете ја, инаку, клетвата назад, и така денес да почнеме битка!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А Локвата денес со бранови крилни, што стопани свои ве најпосле виде, та не може никој да ве скорне, силни, за вашата смелост скап спомен ќе биде!
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Но што чекам јас? „Денес е денот во кој човек може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!“
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Да, денес е денот кога ќе започне борбата меѓу угнетените и угнетувачите!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
ТЕМЈАНА: А што е друго сето ова! Денес, на свадбата при првата брачна ноќ!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Еве, какви заклучоци им наметнува тој ток на развиток на специјалистите за банкарство, кои гледаат на економските прашања од гледиштето кое никако не ги минува рамките на најумерено и најакуратно буржоаско реформаторство:
„Другите банки ќе тргнат по истиот пат“ – пишуваше германското списание „Банка“ по повод зголемувањето на капиталот на „Дисконтното друштво“ на 300 милиони – „и од 300 луѓе кои денес економски ја управуваат Германија со време ќе останат 50,25 или уште помалку.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Меѓународните картели покажуваат до кој степен денес израснаа капиталистичките монополи и поради што се води борбата меѓу сојузите на капиталистите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
И ако тогаш тоа изгледаше како нешто ново, денес за широката општествена свест стана очигледна вистина дека големи делови од стопанскиот живот се одземени, како општо правило, од слободната конкуренција.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
БОЖАНА: Земи си, синко, нафора. Денес сте му на господа помили.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Колку те гледам, сѐ полична стоиш. И лицето ти е денес друго: радосно, моминско, младо невестинско!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Денес ќе ми летне лозјето за борч... Та затоа ти ја разбирам маката...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Уф, сестро Кево, се зазборувавме, а не е време. Оваа работа треба денес да ја свршиме.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ако ние дозволиме — денес ти, утре други да се погрчуваат, тие ќе се намножат и, кога гледаш, еден ден, со помошта на правителството турско, тоа кое им оди на рака, ќе ни ја земат црквата и ќе останеме без црква.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Секако денес ќе разберам како стои работата.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Нема три Македонии, една е Македонија, и таа Македонија, досега разделуена од империалистите, има свој јазик, обичаи, економска поврзаност, историја, територија, ги има петте белега, и денес се оформуе в нова и млада нација.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Лага е да сме Болгари, и Срби да сме, лага е, Македонци сме, народ сме, а денес веќе нација...
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Фала, комшија ... Ние треба да се заштиштаваме... Денес ја тебе, утре ти мене...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)