завиди (св.)
Ами лели им завидоа орлите, оти јадат штрковите скакулци, и од збор на збор се капаштисаа да се бијат едни други.
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
МИТРЕ: (бришејќи си ги очите). Ашколсум бре, синко, ако биде вака како што велиш, сево село ќе ни завидува. (Го чука по рамото).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Искрено: на Пенча и јас му завидував и никако не можев да разберам од каде доаѓа тоа пријателство.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Можеше сѐ и правеше сѐ што ќе посакаше. Му завидував.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Шо виделе, орјатките, кај мене та шо завиделе?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. Му завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Што е убаво-о! - му се радуваше Милка и пак си замислуваше како сите ќе ѝ завидуваат на убавото маче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Жените ѝ завидуваа на Бојана и си зборуваа помеѓу себе колку ли е среќна Бојана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Пуста стројничка! Со злато ќе ја облечат сега Попставревци... - ѝ завидуваа во Охрид на Мискарица. ...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко помисли дека на таа чиста собичка би можела да му завиди и жена му Мара.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ѝ завидувам на сестра ми: за неа секогаш има по некое компирче или јајце.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таа е дете. Затоа знае да гледа поинаку. Ѝ завидувам.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Имаше дворец на кој му завидуваа и кралевите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
23. АКО ИМАШ ЌЕ ТИ ЗАВИДАТ, АКО НЕМАШ ЌЕ ТЕ КУДАТ - и обуен и бос, значи, ќе нагазнеш врз шилести клинци, биди ваков или онаков сеедно ќе си под тој удар - сѐ на страната обесчестена во тој морален лринцип...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Селанките ѝ завидуваа на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа 'рж?“
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Навистина, можев да им завидувам на сите други деца во класот и знаев дека веќе никогаш нема да ја имам нивната безгрижна смеа и веселост.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)