заостане (св.)
Се разбира, кога капитализмот би можел да го развие земјоделството, кое сега насекаде страшно заостана зад индустријата, кога тој би можел да го подигне животниот стандард на масите од населението, кое насекаде останува, и покрај вртоглавиот технички прогрес, полугладно и просјачко, – тогаш за одвишок на капитал не би можело ни да станува збор.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Германските петролејски кралеви однапред веќе уживаа во гигантските профити, кои не би заостанувале зад профитите на руските фабриканти на шеќер…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Како што трустовите го капитализираат својот имот по двојна или тројна процена, сметајќи со „можните“ профити во иднина (а не со сегашните), сметајќи со натамошните резултати на монополот, така и финансискиот капитал воопшто се стреми да зграби колку што се може повеќе земји, какви и да било, каде и да било, како и да било, сметајќи со можните извори на суровини, плашејќи се да не заостане во жестоката борба околу последните парчиња неподелен свет или околу повторната поделба на веќе поделените парчиња.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ако некому не му даваат жена, ако некоја девојка не ја бараат беќарите- заостанале, и тука попот треба да му мисли.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Напред одеше Беличот, а Мече послушно потрчкуваше по него за да не заостане.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Качак! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оттука Качак почна да заостанува, да `ржи и да го проѕира мракот со пламенот на комитските очи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Детето малку заостанува. Би сакало да притрча и да се обеси на коњските узди, да се фрли пред колата. Но не го прави тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа и не забележа. Колоната полека заостануваше, се разредуваше и нескладно се збираше а во својата безгласност на стара хармоника со закана шушкаше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На мајсторите им пречеше тоа негово заостанување и тие некое време го поземаа постојано подвикнувајќи кон него секакви шеги, а многу често и пцости.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За да не заостане, брзо го измерка дрвото со поглед, ги наплука рацете и одмавна, ја закачи ссекирата во стеблото и кога ја тргна рачката да ја откачи, виде оти е лабава.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Зад нас Чако прилајува и го завраќа телето, го тера да не заостане.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Заостанува Наќе и почнува да вика, ќе зарипне. - О, Стојане! - Оу, вели Стојан. - Абре, ти си, али не си, вели. - Јас сум, бре брачед, вели Стојан.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ повеќе заостануваше. Накривуваше на сите четири.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Чекаат некој да заостане, да испадне од колоната.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И, тогаш, возот почна да забрзува, народот да заостанува и човекот ми се загуби.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сакаше сè што губеше на Балканот поради проклетото заостанување зад другите европски народи, во полнота и континуитет да го согледа во природната еволуција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)