злосторник м.

злосторник (м.)

Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Или додека ме прогонат (замисли - не како злосторник или никаквец туку како луд!) да ги исклештам своите крмначки заби и да се удавам в ракија?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нешто вика и тропа во мозокот, непрестајно го тегне неговото срце таму. Тоа е злосторникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ќе биде нападнат, во тоа нема сомневање, зашто сака да умре заедно со смртта на злосторникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бомбата наменета за валијата, го уништи злосторникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Не правете го ова злосторство... Живеев во вашата земја и видов дека луѓето немаат ваква злосторничка душа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Престани ненароден елемент, - изусти другарката Оливера Срезоска, господе, ечеше целиот дом, - престани проклет скоте, скоте, скоте! Злосторник!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со брз, последен замав во животот му го зграпчил левото уво на светиот злосторник и му го скинал - една крв се, нека џбурка таа од две глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Злосторник - Бич на божественото Корист - Идол, му се жртуваат сите правосудство. богатства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со оглед на тоа дека станува збор за човек кого претседателот Никсон своевремено го жигоса како „најопасен во Америка” и кому и денес му е забранет влезот во Англија поради „заканата за јавниот ред и морал”, тој воопшто не личи на злосторник.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Национален јунак, воен злосторник, шовинистичка свиња, хрватски интелектуалец.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ниту пак се знаеше што се случува потоа со нив, со исклучок на малубројните кои беа обесувани како воени злосторници: другите едноставно исчезнуваа, веројатно во логорите за принудна работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие, дедо му и баба му, биле злосторници. Убијци.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од полицијата ѝ рекле оти можат само да кажат дека кој и да бил злосторникот, цевката на пушката, при истрелот, се наоѓала во непосредна близина на неговото срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако не почнеше Војната полицијата ќе го расветлеше случајот. Ќе го казнеше злосторникот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе