име (ср.)
Прилеп - то е име славно, тамо е живејал некога си крал ни Марко, в него е царувал.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Во село Мало Коњари имаше еден човек многу чесен и кроток, на име Божин.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Бугарската држава беше повеќе со словенско население, но со името на нејзините образувачи, т.е. монголските Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во народните песни не еднаш се употребува името „каурин” и „рајатин”, и „земја каурска” или „земја рајатска” во етнографско значење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
37. Инж. Христо Станишев е член на ВМОК во Софија, а по расцепот на “врховистите” (1902) стана претседател на Врховниот комитет што го поддржуваше ЦК на ТМОРО и издаваше и свој весник под истото име “Реформи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
А твоите другари, без да си сторил било какво зло, фрлија кал на твоето име и народот им поверува…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Толку ли го цениш името и трудот на татко ти?!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Ако водачите на денешната таканаречена
„социјалдемократска“ партија на Германија со право го добија името „социјалимперијалисти“ т.е. социјалисти на зборови, а империјалисти на дело, уште во 1902 година Хопсон го одбележи постоењето на „фабијанските империјалисти“ во Англија, кои му припаѓаат на опортунистичкото „Фабијанско друштво“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
„Местата на членови на надзорните одбори – пишува Јајделс – доброволно им се даваат на лица со звучни имиња, а исто така и на бивши државни чиновници кои можат да направат не мали олеснувања(!!) во односите со властите“
…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
„Децентрализацијата“ за која во горенаведениот цитат говореше Шулце-Геверниц од името на денешната буржоаска политичка економија, всушност се состои во потчинување кон еден центар на сѐ поголем и поголем број стопански единици кои порано биле релативно „самостојни“ или, поточно, локално (месно) ограничени.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Јордан! И од името негово не можам радост да видам...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
А, кога ќе се роди, татково име да носи. Ќе ѝ биде на мајка атерот.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЈОРДАН: Е, ама Симка е чорбаџиска ќерка, тешко гази. Колку чини името!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ТЕОДОС: Нема една мана, туку триста. Прво и прво, името — Стојанка, селско име.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Е, тогаш и кумството е — свршена работа: в недела на крштавање „Кажи, куме, име“. (Му покажува со движење како ќе го носи и држи на раце бебето.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КЕВА: Името е од кумот... Се гледа умот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
МИТРЕ: Нека оди! Јас го пуштив со името на бога.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)