инфузија (ж.)
Се обидовме и со инфузии, велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најпосле, Мајка се смири во креветот. Веднаш ѝ дадоа инфузија за да ѝ се закрепне телото со храна преку крвта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ми рече дека е малку подобра, дека ѝ дале крв и инфузија и дека потпишала некаков документ за да можат да ѝ направат гастроскопија.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Цело време бев покрај тебе. ќе дотечеше една инфузија, го сопирав регулаторчето и ќе ти ја ставев другата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога ќе дотечеше едната, притискав на ѕвоното да дојде сестра и да ти приклучи нова инфузија.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Станот ни беше претворен во аптека, шишиња со инфузии, лекарства, спрејови, шише со кислород.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Поита кон собата на Томо. Го виде како седи потпрен на креветот, со инфузијата која се цедеше во неговата рака, а пред него стоеше строен човек, завртен со грбот кон Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Низ канелата во неговата вена се цедеше инфузиски раствор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)