коледар (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Давиде Недолетниот ги крева рацете и коледар скока околу огнот. Ќе полета со чадот. 130
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И нема ни Бадник, ни Божиќ, нема коледари, нема што да раздадеш, нема што да дадеш. Никој оган не запали во гумната и на роговите од говедата.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ако не ви е јасно,  јас ја носев најголемата торба,  а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите  со полни торби ореви, костени и портокали.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во рана зора  пред врата запеаја коледари.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Коледарите првин онемеа,  па сите се удавија во нејзиниот поглед,  а има и такви кои до века ќе си ја сладат мислата  од насмевката на рајските јаболка  под прозрачната свила.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)