кровен (прид.)
И додека ова го сфаќам, оние коњи со онаа колесница и времето во неа, удри покривот на мојата куќа, кровната конструкција попушти, но сепак куќата не се сруши, таванот не попушти под покривот и не предизвика понатамошно уривање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Читателите на Исмаил Кадаре, на Борислав Пекиќ или на Бранимир Шчепановиќ ќе го пронајдат овде истото кровно прозорче отворено кон митовите, кон истото значење на фабулата што е омилена во балканските литератури...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со своите терасасти објекти, пример е вилата на Шен (Schen) од 1912-та г., Адолф Лоос (Adolf Loos) бил претходник на Ле Корбизие (Le Corbusier), кој во својот втор закон за нова архитектонска доктрина предлагал кровни градини.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)