напудри (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Високиот, внимателно напудрен професор по српски и по историја, киваше во белите дланки, удираше со прсти по масата, речиси по барабан, и весело говореше:  - Вие не сте добиток, имате јазик.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Си седи онака во страничната приколка и ме гледа со напудрените образи.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Усните ѝ беа јасно црвени, на образите имаше руменило, носот ѝ беше напудрен; имаше дури и малку сенка под очите, за да ги направи посветли.
        
      
    
    
    
      „1984“
         од Џорџ Орвел 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
        
      
    
    
    
      „Синовски татковци“
         од Димитар Солев 
        (2006)