најјак (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          — Ене го не, Толето мое како 'рслан: во сете деца е најјако, а и твоето Толе, машала, израсна како видан, кај можат да се опулат во неа.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Беа и по малку пакосни на него, зашто тој беше најјак во борењето, најбрз во трчањето, па и најдругар на Трајанка.
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Кој е најјак на светов? да се степаат Кузман и Крвавиот капетан, кој ќе победи?
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мислевме дека е најјак човек на светот. „Сеедно, господ го создал светот за шест дни.“  Ех, Каине и Авеле...  *
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Секое следно беше сѐ побледо и побледо; и најјаките задоволства го изгубија вкусот.
        
      
    
    
    
      „Сестрата на Сигмунд Фројд“
         од Гоце Смилевски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар.  ***
        
      
    
    
    
      „Читај ми ги мислите“
         од Ивана Иванова Канго 
        (2012)