новински (прид.)

Се најдоа, првпат по војната, и новинари од светските новински агенции, чии имиња постојано ги слу­шаме на нашите радиостаници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Печатените новински мас-медиуми ги рашируваат мемите што создаваат фабричка култура раководена од менаџери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Видови графичко изразување Постојат листи (уредени низи редови, од коишто секој претставува семантичка единица; на пр. колекционерски каталози или ресторански мении), матрици (табела редови и колони со јазички, нумерички и други информации, што можат да се прегледуваат вертикално или хоризонтално), нелинеарно гледање (типографија карактеристична за новинските огласи), линеарно разгранување (дијаграми во форма на стебло) итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Резултатите - начкртаните „пред и по“ автопортрети од неговите пријатели - во моментов се изложени во Единбург.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Винстон се почешка нежно по носот со еден новински исечок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај обидите да се прикрие активноста на партизаните во Македонија, сепак имало и такви новински агенции кои известувале за она што навистина се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во информациите од разни новински агенции се истакнувало дека македонските патриоти во Македонија предизвикале "паника меѓу населението на неколку области" и дека "стотина патриоти ги нападнале полицијата и бугарските гарнизони покрај југословенската граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)