опита (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од чардако урва ена жана и нешчо ме опита на албанцки.
        
      
    
    
    
      „Постела на чемерните“
         од Петре Наковски 
        (1985)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ами тука? и без него? Ќе дојде ли некој, ќе ги опита дали има што да јадат?
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Вангел Русјаков пантолоните си ги местеше надвор и зејна да го опита Петрета што е тоа  во што се пули, ама овој прсна на кај алето без да му остави време да ги пушти зборовите.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дојде в куќи да ја опита Марија за некои шишиња во станицата.
        
      
    
    
    
      „Патот на јагулите“
         од Луан Старова 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во еден миг, срипал ко опарен и се опитал со крената глава и става сам да тргне кон непријателот, повторно да ги запее и разлее стиховите, за да ја покаже и докаже својата теорија, дури ако треба да гори во огнот на непријателот или да согори во сопствените зборови и стихови. Го спречиле во намерата другарите.
        
      
    
    
    
      „Захариј и други раскази“
         од Михаил Ренџов 
        (2004)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се опитав да се сетам и да си одговорам, од каде се овие ѕвездоровидни суштества?
        
      
    
    
    
      „Захариј и други раскази“
         од Михаил Ренџов 
        (2004)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Секоја мајка сакаше одделно да го опита за своите дечки.
        
      
    
    
    
      „На пат со времето“
         од Петре Наковски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И му велам на една – мори чупо, дојди да те опитам - ти да не си наша? - Ја ваша – ми вели.
        
      
    
    
    
      „На пат со времето“
         од Петре Наковски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И сега се потсети како лани, во доцна есен, пред да паднат големите снегови, застана скраја од патот, прашуваше двајца:  - Ами, бре деци, да ве опитам?...
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Пролетаријат... – таа ја цедеше секоја буква - најпрвин да завршам за тоа шо почнав, а потоа јаска убао ќе ви растолкувам шо е тоа пролетаријат иако знам дека ти шо ме опита, знам дека нема да ме разбериш... - таа прекина за миг и се врати на прекинатата мисла.
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)